Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 37-годишниот скопјанец што вчера со автомобил „фолксваген пасат“ удри во велосипедистот Јорго Ќука (78) на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, кој по нанесените тешки телесни повреди го загуби животот. ОЈО Скопје бара Кривичниот суд во Скопје да му одреди мерки на претпазливост на осомничениот – одземање на македонскиот и српскиот пасош кои ги поседува, одземање на возачката дозвола, ...

