Министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ, соопшти дека на 29 ноември 2022 година било конфискувано нелегално оружје од Ацо Мартиновиќ, кој вчера во Цетиње уби 12 лица. Божовиќ во соопштението наведува и дека Мартиновиќ на 8 ноември 2024 година е осуден на тримесечна затворска казна за кривично дело недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали, пишува Вијести. Неговиот бранител поднесе жалба на 18 декември 2024 година, а ...

Деветгодишниот Вукан и неговиот брат Јован Вулетиќ, кој имал 14 години, се најмладите жртви во масакрот што го изврши Ацо Мартиновиќ (45) во Цетиње. Масовното злосторство остави 11 убиени, а меѓу жртвите се и блиски роднини и познаници на убиецот. Хронологија на трагедијата Масакрот започнал во кафулето Велестово, сопственост на чичкото на момчињата, Мирко Вулетиќ (45), каде што се случила кафеанска тепачка меѓу убиецот и еден од гостите. Според ...