Карло Анчелоти го подготвува својот тим за реванш полуфиналето против Реал Сосиедад во Копа дел Реј, натпревар на кој „кралевите“ влегуваат со позитива од 1:0. „Кралевите“ победија во Сан Себастијан и сега треба само да ја доработат задачата на домашен терен, а бидејќи постои шанса Карло да комбинира со тимот на утрешниот меч, се отвора прашањето дали Ендрик може конечно да добие поголема минутажа. Талентираниот Бразилец е офанзивниот фудбалер ...

Карло Анчелоти има за цел да го вади најдоброто од секој играч кој го претставува првиот тим на Реал Мадрид, но како стручњак кој повремено се потпира и на сили од младинската школа, Италијанецот повремено знае да се најде на трибините на натпреварите кои ги играат младинските тимови. Искусниот Италијанец изминатиов викенд беше уловен на дербито меѓу тимовите на Реал и Атлетико до 19 години, а во јавноста посебно во фокусот се најде Енцо Алвеш, ...