Италија ќе мора одново да се мачи да дојде до место на најголемиот фудбалски настан, Светското првенство во САД, Канада и Мексико кое е на програмата во 2026 година. „Аѕурите“ не успеаа преку квалификациите да изборат пласман на мундијалот и сега ќе мора преку плејофот да избегнат најлошо сценарио и по третпат во низа да останат без СП. Северна Ирска е едниот ривал, вториот потенцијален е победникот од Велс-Босна и Херцеговина што значи дека ...
Џенаро Гатузо јасно стави до знаење дека досега во два наврати бил одбиен од Федерико Киеза, а во период кога играч со таков профил исклучително многу и е потребен на италијанската репрезентација, притисоци во јавноста почна да прави и Џанлуиџи Буфон. Легендарниот Џиџи е важен директор во италијанската репрезентација и токму тој е задолжен за добар однос меѓу клубовите и репрезентацијата, а како човек кој треба да има важна улога во одлуката ...

