СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска бидејќи според оценката во оваа партија, основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. „Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето. ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција кажа дека со сомневаат во судир на интереси по одлуката на ДКСК поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. Според нив алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која била задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – ...