На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневниот пресек од тргувањето порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,22 отсто, на 8.213 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,05 ...
На Волстрит вчера цените на акциите паднаа, а индексот Dow Jones падна деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на лидерите на американската централна банка. Dow Jones падна за 0,61 отсто, на 43.449 поени, додека S&P 500 падна за 0,39 отсто, на 6.050 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,32 отсто, на 20.109 поени. Така, Nasdaq загуби рекордни нивоа, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што ...