Аталанта го одигра својот седми нерешен резултат во сезоната, откако на домашен терен вечерва ремизираше против Милан, играјќи 1-1. Ова беше петти нерешен резултат во низа за тимот од Бергамо. Милан рано поведе со голот на Ричи, уште во 4. минута од средбата. Во 35. минута Лукман ја надмудри одбраната на гостите, и со силен удар го совлада Мањон за израмнување. Во вториот дел немаше голови, а немаше и многу шанси и главно се играше на средината ...

Аталанта прими гол во раната фаза од натпреварот со Милан и тоа се покажа како голем удар во амбициите да се брка победа, особено во ситуација кога тимот на Иван Јуриќ се претвори во специјалист за реми од стартот на сезоната. Тимот од Бергамо беше подобар ривал на теренот и може да жали што не профитираше од подобрата игра и иницијативата која ја имаше, но на крајот, Јуриќ мораше да се помири со петто реми во низа, седмо во Серија А во новата ...