Поранешниот министер за внатрешни работи на Словенија и еден од најблиските соработници на Јанез Јанша – Алеш Хојс, напиша на мрежата X дека полицијата ја претресува неговата куќа. Истрагата ја води Специјалното државно обвинителство, кое го сомничи Хојс за соработка со Кавачкиот клан. Генералната полициска управа на Словенија објави дека претресот на куќата на Хојс не го извршила полицијата. „Според информациите што ги знаеме, постапката ја ...
Словенечката полиција го претресува неговиот дом по наредба на Специјалното државно обвинителство. Хојс е член на Словенечката демократска партија (СДС), чиј претседател е поранешниот премиер Јанез Јанша. Хојс беше министер од 2020 до 2022 година. Тој изјави дека е осомничен за соработка со кланот, но дека не знае врз основа на што, пренесе Телеграф. „Добив информации од непознат сторител во полициската станица за тоа кога ќе биде претресена ...

