Денес, во Скопје City Mall – прв кат, од 10:00 до 19:00 часот, ќе имате можност да го посетите Саемот на македонската традиционална храна насловен како „Домашно, природно, вкусно“. Уживајте во уникатните вкусови на домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, мармалади, мед, макала и уште многу други изненадувања, подготвени со љубов од нашите земјоделки и земјоделци. Детска работилница: „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува ...

Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“ ќе се одржи денеска од 10:00 до 19:00 часот во City Mall во Скопје. Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“. Оваа уникатна можност, како што велат ...