Иако последната рунда преговори меѓу САД и Украина беше оценета како позитивна, динамиката зад кулисите покажува сложена слика исполнета со контрадикции, паралелни канали и внатрешни тензија во американската администрација. Американскиот претседател Доналд Трамп одби да го потврди најавениот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека планира „пакет-средба“ со него и со рускиот претседател Владимир Путин. ...
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, руската делегација ја добила рамката на мировниот договор, кој се преговара во Женева меѓу украинската и американската делегација, а нова рунда преговори треба да се одржи следната недела во Москва. Тој истакнува дека претходните 28 точки од мировниот договор, според договорот меѓу Украинците и Американците, биле поделени во четири одделни компоненти. „Следната недела ќе има разговори во Москва“, ...

