Четворица Бугари се осудени за вандализам врз Музејот на холокаустот во Париз, а еден од нив, Георги Филипов е учесник и во каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, во 2023 година. Во објавата на ОМО Илинден – Пирин се приложени и линкови од известувањата за случајот со вандализам во Франција. „Парискиот кривичен суд ги осуди Георги Филипов и Кирил Милушев на по две години затвор како сторители на делото, ...
Нападот врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, се случи на 4 февруари 2023 година, кога одредени лица го каменуваа објектот и го искршија стаклото на влезот. Настанот предизвика силни реакции и осуди од македонските организации и од дијаспората. Споменатиот напад не беше само чин на насилство туку и обид за понижување. Тој напад не беше насочен само кон ѕидовите на една зграда туку кон самото право на ...

