„Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти“, изјави ...

Европскиот суд за човекови права, со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана ...