Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МКД:мк велат дека за сега не добиле никаква пријава но доколку добијат веднаш ќе биде извршена соодветна проверка. На електронските адреси на дестина училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска претпладне беа упатени закани за поставени експлозивни направи. По извршените проверки МВР информираше дека дојавите се лажни. Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата. ...
Министерството за внатрешни работи извести дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа. „Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор ...