Манчестер Сити се најде на тапет откако протекоа мејлови и документи како „граѓаните“ ги „дувале“ спонзорските договори и ги штелувале сметките. Во 2020 година, УЕФА го суспендираше Манчестер Сити на две години од настап во Лигата на шампиони, но „граѓаните“ ја добија битката пред Судот за спортска арбитража. Сепак, ова отвори простор за Премиерлигата да отвори истрага и утрово пристигна информација дека е покренато обвинение. Манчестер Сити ...
Манчестер Сити може да се најде во сериозни проблеми откако Премиерлигата вчера соопшти дека „граѓаните“ се обвинети за прекршување на правилата за ФФП и тоа повеќе од 100 пати во периодот од 2009 до 2018 година. Независна комисија сега ќе го разгледа случајот и доколку Манчестер Сити биде прогласен за виновен може да добие голема казна, од одземање на бодови па до преселба во понизок ранг. Според пишувањата на Сан, Премиерлигашите бараат ...