По изјавите од германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер која изрази загриженост за дебатата околу буџетот за правосудството и која нагласи дека според податоците на Европската комисија за ефикасноста на правосудството, Германија инвестира пет пати повеќе по глава на жител од Македонија, премиерот Христијан Мицкоски го повтори својот претходно искажан став, за кој што вели дека е Извештај од Советот на Европа. -И ова го тврдам, кој ...
Премиерот Христијан Мицкоски јавно влезе во тешка контра со германската амбасадорка Петра Дрекслер околу податоците за буџетските издвојувања за правосудството, тврдејќи дека секој што вели поинаку „или манипулира, или не ја говори вистината“. Амбасадорката Дрекслер во својата изјава потсети на податоците на Европската комисија за ефикасноста на правосудството, според кои Германија инвестира околу пет пати повеќе по глава на жител во судството ...

