Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини политиките за различности во времето на Барак Обама и Џо Бајден за лошите безбедносни стандарди по несреќата во која воен хеликоптер се судри со патнички авион над Вашингтон. „Ја ставам безбедноста на прво место. Обама, Бајден и демократите ја ставаа политиката на прво место“, рече Трамп. „Тие всушност излегоа со директива: „премногу бело“. А, ние сакаме луѓе кои се компетентни“. Трамп ...

Се верува дека никој не преживеал од шеесет и четири патници кои биле на летот на Американ ерлајнс и тројцата од воениот хеликоптер кога авионот се судрил во близина на националниот аеродром Роналд Реган, велат официјалните лица. Шефот на службата за итни случаи Џон Донели вели дека досега се пронајдени 28 тела, пренесува Би-би-си. Беше „јасна ноќ“, пилотите беа „искусни“ и сè беше стандардно пред несреќата, вели секретарот за транспорт Шон Дафи ...