Добивај вести на Viber Во тв дуелот на Канал 5 вечерва, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски го праша противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ дали ќе поднесе оставка од функцијата пратеник. Го праша дали тоа ќе го стори до понеделник, на што Мециновиќ му одговори дека до понеделник може и да победи на изборите. „Вие сметајте дека до понеделник јас можам да победам и да бидам градоначалник“, кажа Мециновиќ. ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизиската дебата на „Канал 5“ со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека неговата поддршка произлегува од довербата на граѓаните, а не од организирани партиски структури. „Јас добив 30.000 гласови од скопјани, и немам списоци како вас за да знам кој гласал за мене. Вие имате соработка со Мерко во Струга – не јас. Јас ја победив Шукова со 2.000 ...

