Кај Велибор дома имам одено заедно со Палчо, па после и на слава и последниот пат за случајот со Панче. Бев и таа вечер но дата не памтам, го продолжи исказот Влатко Кешишев. Го опиша и ранецот на Палевски како темно син и оти стално си го носел со себе, но оти не знае што има во нето. Ранецот заедно со кесата „мотороли“ го однесов во гаражата, се присети Кешишев. Адвокатот Ефремов го праша што разговарале таа вечер. Разговаравме за Панче, каде ...

Влатко Кешишев на денешното рочиште во Кривичен суд, објасни како му бил одземен пиштолот на Љупчо Палевски – Палчо во Демир Капија. Тие заминале таму по наредба на Палчо да бараат злато во некоја пештера. Обвинителство: Видовте ли вие кај Палевски пиштол во седиштето на партијата? Кешишев: На почетокот да. Неговиот пиштол што му беше одземен кај Демир Капија. Откако му го одземаа, друг пиштол не сум видел. Обвинителство: Го споменавте настанот ...