„Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Министерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за овој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии, за да одговориме позитивно“, рече Сали. Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони по што ќе почнат преговори за набавка ...
Министерот за здравство Беким Сали со објава преку социјалните мрежи информира дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“, наменет за лекување пациенти со цистична фиброза. – За 8 пациенти со цистична фиброза денеска се обезбедија буџетски средства за набавка на лекот „трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно ...