Неколку часа откако беше објавено дека почина 44 годишниот Ристе Трајковски, чуварот и негувател во скопската Золошка градина, угина и последната жирафа, Флопи. Ова го потврди Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше еден од кандидатите за нов директор на ЗОО Скопје. На социјалната мрежа Фејсбук пријателите се простуваат од прерано починатиот Ристе. „Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“ – напиша неговата пријателка Тина Мицковска. ...
Информацијата ја објавија повеќе медиуми и портали, но засега нема официјално соопштение од Скопската зоолошка за причините... Жирафата Флопи беше последната, а неофицијално, обидите за нејзино спасување траеле два часа. Угинувањето на жирафата Флопи е последниот во низата немили настани што се случија изминатиот период во зоолошката. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби ...