На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, ...

Приведен екс-градоначалникот на Општина Долнени, Џемаил Ќамили, од ДУИ, а по неговиот син Абдула Ќемаили се трага кој со пушка и пиштол пукал среде населено место и тоа го објавил на социјалните мрежи. „Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР. По видеоснимка објавена на социјалните мрежи на која се гледа како маж пука од огнено оружје, од ...

Добивај вести на Viber Синот на поранешниот градоначалник на општина Долнени, Абдула Ќемали е во бегство и по него трага МВР трага по објавеното видео со пукање од калашников и пиштол на социјалните мрежи. Како што објави „Алфа“, синот на поранешниот градоначалник на Долнени кој со пушка и пиштол пукал среде населено место, и тоа го објави на „Фејсбук“, МВР ја спроведе акцијата по видеото кое од синоќа стана вирално на социјалните мрежи, а на ...