Празнувањето на Божиќ нѐ става пред избор – дали ќе го следиме примерот на исплашениот Ирод, што води во погибел, или оној на смирените и искрени мудреци и пастири, кои со радост му се поклонија на новородениот Цар, порача поглаварот на МПЦ-ОА Од секого од нас зависи дали Синот Божји ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста што Христовото рождество ја носи со себе, порача ...
Возљубени празникољупци, Воплотувањето на Бога, во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личност е посебна и неповторлива, обдарена со ...