Коалицијата Вреди ги повика граѓаните да го заокружат бројот 7 во општините каде што има свои кандидати. Од Коалицијата сметаат дека победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас, гласот што избра надеж и работа наместо измама. Велат дека од тој ден, духот на промените расте секојдневно од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга ...

Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата Вреди, соопшти портпаролот на коалицијата Дритон Сулејмани. – Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. Вреди изразува благодарност до сите ...