Идниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека коалицискиот договор што го постигнаа конзервативците со социјалдемократите е знак дека Европа може да се потпре на Германија. – Договорот е многу силен и јасен сигнал за граѓаните на нашата земја. Тоа е јасен сигнал и за нашите партнери во Европската унија, рече Мерц на заедничката прес-конференција со своите коалициски партнери. Тој нагласи дека Германија „добива влада која е силна и ...
Мандатарот за канцелар на Германија, Фридрих Мерц, во средата во Берлин во храбар и оптимистички говор го претстави новиот коалициски договор меѓу двете големи центристички партии во земјата, неколку часа откако беше објавено дека е постигнат договор за формирање нова влада. Мерц рече дека неговиот договор испратил „силен и јасен сигнал“ до Германците и Европската унија дека ќе добијат „силна влада способна да дејствува“, објави Би-Би-Си. ...