Најскапиот спонзориран пост е платен 4.000 евра и е повик за заследување на страницата на Димитар Ковачевски. Бројките не се пораснати драматично, досега има 4.670 следбеници на Инстаграм и 41.000 на Фејсбук. Петте најспонзорирани постови не комуницираат никаква услуга или владина политика. Податоците за спонзорираните објави на премиерот се јавно достапни на алатката на Мета Ad Library чија цел е поголема транспарентност во политичкото ...

Премиерот Димитар Ковачевски е рекордер по објави на социјалните мрежи. Ниту неговиот претходник, ниту опозицијата не можат да го надминат неговиот број на објави. За споредба, Зоран Заев имал вкупно 2.863 поста на неговиот официјален профил од 2016 до денеска. Во една година Димитар Ковачевски имал 782 постови. Откако е креиран неговиот профил од 13 јануари 2022 година до 21 февруари 2023 (временски опсег на анализата на ИРЛ) тој има постирано ...