ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“. „Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство се обврза да биде партнер, ...

Коалицијата ВЛЕН изрази загриженост и ги осудува изјавите на бугарскиот политичар и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов кој посака анексија на Македонија, тврдејќи дека „нема ништо пологично од обединување на земјата со Бугарија“. Коалицијата составена од три партии го нарече Костадинов – „маргинален проруски политичар од Бугарија“. Според ВЛЕН, ваквите изјави не придонесуваат за подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ...