„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Со ваков транспарент и слики од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ родителите од Кочани денеска го предводат протестниот „Марш за ангелите“во Скопје. „Сенките“ се бројот на жртвите за кои, четири дена пред почетокот на судењето за случајот, родителите бараат правда. Одзивот на скопјани на маршот беше масовен така што на него учествуваат неколку илјади граѓани. Тој започна точно во 12:05 ...
На денешниот „Марш на ангелите“ во Скопје, силно одекна говорот на млада демонстрантка која го сподели својот болен, но решителен повик за правда и промени по трагедијата во Кочани, во која животите ги загубија 63 млади луѓе. Таа порача дека секое нејзино патување во Кочани е ново оживување на болката на семејствата. „Секој пат кога одевме во Кочани ја чувствував болката на овие родители, на нивните браќа и сестри кои стојат тука денес пред ...

