Ако судот одлучи дека државата била во право кога со закон од 2016 година му наложи на тогашниот претседател Ѓорге Иванов да ја поништи аболицијата на 56 обвинети во различни случаи на некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО), тогаш тоа ќе биде доказ дека кривичното гонење било оправдано. Ако одлуката биде во корист на жалителите, тогаш тоа ќе значи дека власта попусто им суди на десетината жалители во Стразбур, главно поранешни ...

Што и да одлучи Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, после 16 февруари 2023 година во македонскиот правосуден систем ништо нема да биде исто. Експертите не сакаат да предвидуваат каква одлука ќе донесе судот иако упатуваат на досегашната пракса на ЕСЧП. Дел од адвокатите што ги застапуваат жалителите во Стразбур се уверени дека еднаш дадена аболиција не може да биде повлечена, па оттука и верувањето дека ЕСЧП ќе одлучи во нивна ...