Македонските фирми треба да целат кон тоа повеќе да произведуваат производи со висока технологија и повисока додадена вредност во нив, бидејќи така ќе имаат и подобра заработка, ќе има и за подобри плати за вработените и за поредовно плаќање даноци кон државата, изјави Ангел Анѓушев во поткастот на Стопанската комора со Бранко Азески. Ангел Анѓушев, оперативен директор на Грин Машинс на БРАКО, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата ...

Ангел Анѓушев, оперативен директор на Грин машинс на БРАКО, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата во Македонија, и дека земјава не би требало да се нуди само како место каде има ефтина работна сила. Ангел Анѓушев ги сподели искуствата од своето школување на универзитетите во Германија и во Австрија, предностите да се открие како функционираат и како се организирани поразвиените општества и економии, извозот на Грин Машинс низ целиот ...