„Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на јавното обвинителство кое ја води постапката против нас. Имено, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба ...

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет, информираа денеска ...