„Големината не се мери во грамови, туку во храброста. Чуда навистина постојат, секое бебе што предвреме пристигнало, има своја приказна – рече педијатарот со огромно искуство во професијата, Марина Поп Лазарова, на трибината организирана од тимот на „Бекутан“, а посветена на предвреме родените деца. Пријателите на „Бекутан“ раскажаа емотивни приказни, секоја слична со неочекуваното доаѓање на свет, но различна во борбата, храброста и ...
„Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински херои“, изјави д-р Станка Танчева-Крстевска, специјалист педијатар. Настанот поттикна конструктивни дискусии за современите пристапи во неонаталната нега и за реалните предизвици со кои се соочуваат родителите и експертите при грижата за прематурните новороденчиња. Првиот ...

