Јувентус под водство на Игор Тудор ќе се обиде да се врати на победнички патеки почнувајќи од утрешниот меч со Џенова, односно до крајот на сезонава да ја оствари барем минималната цел, да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Прва задача на Тудор ќе биде да ја врати екипата по двата болни и тешки порази од Аталанта и Фиорентина во Серија А, а според легендата на клубот Марко Тардели кај Хрватот двајца играчи ќе бидат во прв план и тоа се ...

Хрватскиот тренер Игор Тудор дебитираше со победа на клупата на Јувентус. „Старата дама“ триумфираше со 1-0 против Џенова во 30. коло од италијанската Серија А. Единствениот гол на средбата го постигна турскиот талент Кенан Јилдиз, кој донесе три бода за домашните. Со оваа победа, Јувентус успеа да остане во чекор со Болоња во битката за висок пласман, задржувајќи се на само еден бод заостанување од 4. место во Серија А. 🔥 Kenan Yıldız sahnede! ...