Оригиналниот мировен план од 28 точки што го презентираа САД минатата недела „веќе не постои“, рече Олександр Бевз, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател. Бевз, кој беше дел од преговарачкиот тим во Женева, во објава на Фејсбук рече дека Киев имал „многу конструктивни разговори со САД“. Според него, американскиот државен секретар Марко Рубио го нарече состанокот „најпродуктивен“ меѓу Украина и администрацијата на Трамп. ...

Олександр Бевз изрази очекување дека средбата меѓу Зеленски и Трамп ќе се одржи во блиска иднина, а оти текстот на предлог-мировниот план ќе се финализира во текот на наредните денови. Додаде дека штом Киев и Вашингтон постигнат договор, САД ќе ѝ го презентираат мировниот план на Русија како дел од следната фаза од преговорите Измените кои ги предложи Киев во мировниот план на САД сè уште се финализираат, а најтешките прашања треба да ги решат ...