По 12 години на градоначалничкото столче, Фатмир Дехари ја предаде функцијата градоначалник на Општина Кичево на Александар Јовановски. Општинската изборна комисија им ги додели сертификатите на општинските советници и на новиот градоначалник. По преземањето на мандатот, актуелниот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, изјави дека ќе се посвети на реализирање добри дела за градот и граѓаните, без разлика на етничката припадност. „Од ...
Новиот градоначалник на Општина Кичево, Александар Јовановски денеска ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Фатмир Дехари. Тој во објава на Фејсбук на македонски, албански и турски јазик посочува дека оваа должност не ја гледа како привилегија, туку како обврска пред граѓаните да работи посветено, транспарентно и во интерес на сите. -На самиот почеток сакам искрено да му се заблагодарам на досегашниот градоначалник, г-дин Фатмир ...

