Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози, информира утрово Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за април, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Евидентирано е зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Црна Река кај Новаци. Намалување под просекот имаат реката Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка. ...