„Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што ...

Од Скопскиот џез фестивал, кои се организатори на ОФФест, информираа дека ќе го откажат овогодишното 22 издание на Фестивалот со образложение дека доделените милион денари на Годишниот конкурс од Министерството за култура не овозможуваат ни најмали услови за организирање на овој настан. Оттаму додаваат дека сумата која ја добиле е скратена за половина во споредба со средствата кои ги добиле лани и велат дека по 21 година фестивалска традиција се ...