Кремљ денеска соопшти дека е „погрешно“ да се тврди оти рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил целосно американскиот план за мир во Украина, по разговорите со американските преговарачи во Москва. Според руските власти, делови од предлогот биле „прифатливи“, но не било постигнат никаков компромис околу територијалните прашања, пренесува Би-би-си. Разговорите, кои Москва ги опиша како „конструктивни“, доаѓаат во момент кога Киев и понатаму ...

– Белешките од конференцискиот повик помеѓу германскиот канцелар, претседателот на Франција и на Украина и други европски лидери за мировните преговори помеѓу Русија и Украина, во кои увид имал германскиот весник Шпигел (Der Spiegel), укажуваат дека Европејците не им веруваат на САД. Според белешките претседателот на Франција, Емануел Макрон предупредил дека САД би можеле да ја предадат и Украина и Европа. Постои можност САД да ја предадат ...

Неточно би било да се каже дека рускиот претседател Владимир Путин го одбил американскиот мировен план за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во своето прво обраќање по средбата на руската и американска делегација во Москва во вторникот. Тој нагласи дека дел од ставките во документот биле прифатени, додека други останале неприфатливи, пренесе Риа Новости. Разговорите беа само прва размена на мислења, додаде тој. – Тоа е ...