Пекинг ги прекина програмите за млади со Јапонија поради дипломатскиот спор што го предизвика коментарот на јапонската премиерка Санае Такаичи за Тајван, пишува хонгконшкиот весник South China Morning Post (SCMP). Неименуван извор од кинеската дипломатија изјавил дека Токио официјално бил известен за укинувањето на програмите. „Вообичаено, ноември и декември се месеци кога се одржуваат размените за млади, но сè е откажано“, навел изворот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од јапонската премиерка Санае Такаичи да не го ескалира понатаму дипломатскиот спор со Кина, јавија американски медиуми, повикувајќи се на јапонски владини извори. Такаичи предизвика најголем дипломатски судир со Пекинг во последните години, откако овој месец изјави во Парламентот дека хипотетички кинески напад врз Тајван, кој би ја загрозил Јапонија, би можел да биде оправдување за воен одговор. ...

