Стотици илјади Палестинци се враќаат на север од Појасот Газа по делумното повлекување на израелските трупи и почетокот на прекинот на огнот што стапи на сила во петокот напладне по локално време, односно во 11 часот по средноевропско време. Палестинците се среќни што се враќаат дома, и покрај фактот дека ова е многу долго патување. Тоа е најмалку шест часа пешачење. Повеќето од овие Палестинци се луѓе кои биле принудени да се евакуираат, ...
Повеќе од 700.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас. – Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа Сити од вчера – изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас. На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот ...
Жители на појасот Газа кои се враќаат во своите населби по најновите примирија опишуваат сцени на опустошување: урнати домови, разурната улична мрежа, прекинати водовод и струја и минимален пристап до храна и медицинска помош. Дел од нив велат дека „не останало ништо за спасување“ и дека враќањето повеќе личи на обид да се најдат документи, семејни предмети или да се провери дали има преживеани соседи, отколку на реално продолжување на животот. ...

