Граѓани масовно се приклучија на Бадниковите поворки што тргнаа од пред општината Кисела Вода. Меѓу нив има и возрасни и деца, а целта е да се приклучат на останатите верници кои ќе го одбележуваат празникот пред главниот соборен храм во Скопје. Бадниковите поворки денес ќе се одржат во 80 населни места вклучувајќи ја и дијаспората. За првпат во организацијата се приклучуваат и Македонците од Словенија.Новитет годинава е новата божиќна пештера ...

Празникот Бадник во соборниот тетовски храм денеска почна со Литургија која ја отслужи митрополитот г. Јосиф и свештеници од тетовското архијерејско намесништво. По литургијата како и секоја година надлежниот владиката г. Јосиф ги благослови децата бадникари кои тргнаа со поворка од соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ пеејќи ја песната Вечниот Бог. -Подготвени да го пречекаме Христа Господа и по примерот на мудреците да му принесеме свој дар, ...