Претседателството претходно објави дека Макрон и Зеленски ќе разговараат за постигнување праведен и траен мир во Украина, по неодамнешните разговори во Женева за мировниот план на САД во тесна координација со европските партнери. Елисејската палата соопшти дека ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина во рамките на „коалицијата на спремните“. Планирана е прес-конференција по средбата меѓу Макрон и Зеленски. Зеленски, исто така, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски најави заострување на санкциите против Русија. „Ова е прв пат да имаме толку сеопфатен план за санкции, кој вклучува и нафта и руската флота танкери во сенка. Ве уверувам дека во наредните недели притисокот врз Русија ќе биде поголем со цел да се ограничи протокот на финансиски средства“, рече Макрон, објавува весникот ...
Зеленски пристигна во Париз со сопругата Олена. По билатералната средба, двајцата претседатели Зеленски и домаќинот Емануел Макрон ја чекаа заедно со првата дама на Франција Брижит Макрон. Пристигнувањето на Олена е поврзано со нејзиниот ангажман во, како што се нагласува, враќањето на украинските деца од Русија, како и со означувањето на почетокот на украинската културна сезона под покровителство на Кеј д’Орсеј. Претседателите на Франција и ...

