По силните врнежи што ја зафатија областа, реката Пчиња утрово се излеа и создаде опасни вирови кај селото Стрновац во општина Старо Нагоричане. Автомобил со две лица останал заглавен во надојдената вода, а пожарникарите од општината успеале навреме да ги извлечат. Интервенцијата била изведена околу 07:35 часот, по повик на бројот 112. Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане реагирала со едно возило и двајца пожарникари, кои ...
„Денеска во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац – Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане. Оттаму апелираат до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина ...

