Во македонското село Новаци, само неколку метри од големиот рударско-енергетски комплекс, жителите живеат со постојана прашина, бучава и страв од тоа што следува. Децении наназад, РЕК Битола обезбедува речиси две третини од македонската електрична енергија од државните капацитети, но во наследство остава и загадување, криминали поврзани со тендери и закочена модернизација, пишува Нота. Селаните опишуваат лета кога алиштата не можат да се сушат ...
Меѓу јануари 2015 и септември 2025 година во Македонија за потребите на различни индустриски гранки, меѓу кои и производството на струја, под царинските стапки за камен јаглен, мрк јаглен и лигнит се увезени вкупни количини од 5.563.477.456 килограми. Претворено во евра, вкупната вредност на увезениот јаглен во тој период изнесува 338.321.680 евра. Во ЕСМ ни рекоа дека увозите на јаглен за производство на струја почнале во 2020 година. Се ...

