Муртезани не се согласи со забелешката на новинарот дека станува збор за кражба на струја од европската мрежа и повторно го употреби зборот „отстапување“, односно, како што рече, кога се троши повеќе струја отколку што се има, тогаш автоматски „се влече“ струја од мрежата на Европа. Отстапувањата биле поради студот и зголеменото трошење на струја по евтина тарифа во домаќинствата. Тој рече дека за понатаму „отстапувања“ нема да ѝ бидат дозволени ...

Македонија повторно влече струја од европската мрежа, иако строго беше опомената дека не смее да го прави тоа, обелодени вечерва директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани во интервју во „Топ тема“ на Телма. На што се должи дисбалансот и колку ќе чини тоа, во овој момент е рано да се пресмета. Но, Муртезани беше директен дека Македонија повторно, веднаш била опомената поради незаконско повлекување европска струја. Во неделата кога времето залади ...