Договорот на Душан Влаховиќ со Јувентус истекува следното лето, па српскиот напаѓач ќе може да ја продолжи кариерата во друг клуб како слободен агент. Веќе се споменува Барселона како сериозна опција, со оглед на фактот дека следното лето му истекува договорот и на Роберт Левандовски, па Србинот би бил идеална замена за него. Сепак, Каталонците ќе имаат сериозна конкуренција во Баерн Минхен, кој исто така сака да го види во своите редови ...
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Барселона сериозно ја разгледуваат можноста да го доведат Душан Влаховиќ, напаѓач на Јувентус, во своите редови како потенцијална замена за легендарниот Роберт Левандовски, кој ќе може да го напушти „Камп Ноу“ кога ќе му истече договорот следното лето. Исто како и Левандовски, Влаховиќ исто така се ближи кон крајот на својот тековен договор, а Tuttosport пишува дека српскиот фудбалер најверојатно ќе ...

