Организаторите на натпреварот „Легендите на сцена“, спортско радио 90.3 фм по повод 20 годишнина на единственото спортско радио во Македонија, денеска одржаа официјална прес-конференција пред утрешниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во кој ќе се сретнат екипите на Македонија и Европа. На денешната прес-конференција присутни беа легендарниот хрватски стратег Лино Червар, легендите на македонскиот ракомет Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, ...

Машката ракометна репрезентација забележа победа од 29-27 против селекцијата на Јапонија во првиот пријателски натпревар од рамките на ЕХФ неделата. Средбата се одигра без присуство на публика, во контролирана атмосфера, со цел селекторите Кирил Лазаров и Тони Херона да можат непречено да ги тестираат различните тактички поставености и ротации во составот. Во натпреварот, македонските ракометари покажаа високо ниво на ангажираност и борбеност, ...

Скопје и СЦ „Јане Сандански“ вечерва пулсираа во ракометен ритам, на спектаклот што беше организиран по повод 20. Роденден на „Спортско радио 90.3“. Навивачите можеа да уживаат во мајсториите на легендите на македонскиот (Лазаров, Манасков, Стоилов…), но и на дел од европскиот ракомет, во таборот на „интернационалците“ се појавија Штербик,Чупиќ, Штрлек, Хорват, Канелјас… Резултатот воопшто не беше во преден план, а на крајот овој спектакл заврши ...