Лина Ѓорческа имаше убедлив настап во дуелот со Малене Хелго, во рамките на дуелот меѓу Македонија и Норвешка од второто коло на Били Џин Кинг Купот и го најави решавачкиот меч во игра на двојки. Ѓорческа го доби првиот сет со убедливи 6:0, а доминираше и во продолжението, во кое го доби вториот сет со 6:2 и со тоа ја комплетираше рутинската победа за еден час и го израмни резултатот на 1:1. Претходно, Магдалена Стоилковска загуби од Улрике ...
Несреќен пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2.коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар. По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки. Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемвои што значеше водство ...