Завршија јавните расправи за законот за судскиот совет. Нацрт измените ќе патуваат и до Венецијанската комсисија. Министерот за правда уверува дека законот во целост ке биде во согласност со препораките на оценската мисија на ЕУ. Независен и ефикасен судски совет со легитимитет и членови со интегритет- Како да се достигнат овие цели? Судиите и експертите и денеска ги кажаа своите предлози на 5тата и последна стучна расправа во Врхoвниот суд. ...

Со денешната дебата во Врховниот суд, заврши процесот на стручни расправи за законските измени на законот за судски совет. Судиите од апелационото подрачје Скопје денеска собрани во Врховен разменуваа свои мислења и ставови за предложените измени, а министерот за правда Игор Филков истакна дека е задоволен од дадените предлози на судиите. Сепак, тој вели дека законот е важен, но уште поважна е неговата примена. „ Верувам дека ќе добиеме ...