Мартин Серафимов одлично ја искористи пружената шанса и со два гола учествуваше во големото реми на Македонија против Унгарија, на стартот од 29. Светско ракометно првенство. По натпреварот во Вараждин бекот на Алкалоид е радосен што селекцијата дише еден за друг и што сите го оставија срцето на терен. „Радосен сум што дишевме еден за друг и го оставивме срцето на терен. Така, резултатот дојде. Сигурно дека и поддршката од публиката ни даде ...

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов Македонија го освои првиот бод на 29. Светско ракометно првенство и тоа во пресметката со фаворизираната Унгарија (27:27). Нашата селекција одигра борбан и квалитетен меч во кој можеме да жалиме и што не победивме затоа што со ангажманот низ сите 60 минути покажавме знаење, желба за надигрување и значаен резултат. Бекот на Алкалоид, Мартин Серафимов имаше свои минути и улога во Вараждин ...