Министерот за здравство, Арбен Таравари одржа прес конференција во Министерство за здравство, осврнувајќи се на состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Сакам да известам дека еден од 116 кои се лекуваат надвор почина. Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал почина и би сакал да изразам сочувство до семејството, изјави министерот за здравство Таравари. -Имаме други вести коишто се добри во однос на ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција, соопшти дека испишани од скопските болници ќе бидат 5 пациенти, а 9 ќе останат, шест пациенти се враќаат од странство, 2 од Бугарија, 2 од Шпанија и 2 од Унгарија кои што се стабилни и добри. Министерот информираше дека надвор од државава ќе продолжат да се лекуваат 69 пациенти од коишто тројца пациенти се се уште во критична состојба и нестабилна. -Пациентот којшто почина, ...